Љубовната приказна на Руперт Френд и Ејми Малинс: деформацијата на двете нозе не ја спречи да ја најде љубовта и да стане модел

Љубованата приказна на актерот Руперт Френд  и спортистката Ејми Малинс е една од најубавите во Холивуд, пишуваат американските медиуми. Велат, се заљубиле како на филм.

Ејми Малинс е без фибула, поточно коска во потколеницата, па затоа ѝ биле ампутирани двете нозе кога имала само една година. Лекарот им рекол на нејзините родители дека нивната ќерка никогаш нема да може да оди или да живее сама. Но, не бил во право бидејќи таа не само што проодела туку станала и успешна спортистка.

„Поради тебе, испаднав лажго“, на шега ѝ рекол истиот доктор кога повторно се сретнале. Ејми трча од својата младост благодарение на тоа што добила целосна стипендија на Универзитетот ‘Џорџтаун’, а во 1996 година се натпреварувала на Параолимписките игри во Атланта.

Својата професионална спортска кариера ја заврши во 1998 година и почна нова – модел. Нејзината личност и убавина го воодушевија дизајнерот Александар Меквин по што се појави на ревија на „Живанши“ со дрвени резбани протези направени специјално за таа пригода.

Подоцна се појави и на филмското платно. Својот прв филм „Кремастер 3“ го сними во 2002 година и глумеше шест лика.

На крајот, нејзината актерска работа ја поврза со Руперт и тие првпат излегоа на состанок во мај 2013 година. Една година подоцна, повторно во мај, Руперт ја побара Ејми за жена, а се венчаа на 1 мај 2016 година.

Освен младенците, на церемонијата присуствуваа само кумовите, а еден од нив беше и најдобриот пријател на Руперт.

„Се венчавме на една убава фарма. Врнеше дожд. Беше совршена венчавка. По тоа, отидовме на билјард”, рече Руперт минатата година во ТВ-емисијата „Во живо со Кели“.

Scroll to Top