Пејачката Емина Јаховиќ вели дека долго време го уредувала домот во кој од неодамна се пресели со синовите Јаман и Јавуз. Станот се наоѓа на одлична локација во Истанбул, што било пресудно за пејачката да потроши многу пари за него.
Она што е особено важно за неа е тоа што таа е заштитена од разни погледи и објективи. Емина вели дека не го избирала сама мебелот и дека се консултирала со стручни лица.
View this post on Instagram
„Пред сè, морам да нагласам дека локацијата на овој стан беше пресудна затоа што се наоѓа во близина на многу места кои имам потреба во текот на денот да ги посетам. За разлика од мојата куќа, која е изградена во природа, сега трошам многу помалку време за патување. Ме маѓепса погледот на море. Погледот на Босфор ме смирува и беше пресуден во изборот на ова место. Јас сакам минимализам со доза на елеганција. Мешавина од мермер и дрво, како и конбинација од старо и ново. Секогаш имам архитект кој само ја следи мојата линија во која се чувствувам одлично“, вели Емина.
View this post on Instagram
Пејачката вели дека со месеци ги избирала мебелот и декорацијата за сè да биде на свое место. Сепак, најмногу време минува во простарниот дневен престој, кој е целиот во стакло.
View this post on Instagram
View this post on Instagram