(Фото) „Ме маѓепса погледот на море“, Емина Јаховиќ го покажа новиот дом во Истанбул

By

Пејачката Емина Јаховиќ вели дека долго време го уредувала домот во кој од неодамна се пресели со синовите Јаман и Јавуз. Станот се наоѓа на одлична локација во Истанбул, што било пресудно за пејачката да потроши многу пари за него.

Она што е особено важно за неа е тоа што таа е заштитена од разни погледи и објективи. Емина вели дека не го избирала сама мебелот и дека се консултирала со стручни лица.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

„Пред сè, морам да нагласам дека локацијата на овој стан беше пресудна затоа што се наоѓа во близина на многу места кои имам потреба во текот на денот да ги посетам. За разлика од мојата куќа, која е изградена во природа, сега трошам многу помалку време за патување. Ме маѓепса погледот на море. Погледот на Босфор ме смирува и беше пресуден во изборот на ова место. Јас сакам минимализам со доза на елеганција. Мешавина од мермер и дрво, како и конбинација од старо и ново. Секогаш имам архитект кој само ја следи мојата линија во која се чувствувам одлично“, вели Емина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

Пејачката вели дека со месеци ги избирала мебелот и декорацијата за сè да биде на свое место. Сепак, најмногу време минува во простарниот дневен престој, кој е целиот во стакло.

 „Го сакам дневниот престој, кој има поглед на море“, откри Емина, која не крие дека станот им се допаднал и на нејзините синови. Таа вели дека сакала да им овозможи простор, комфор и удобност, работи што им биле потребни. Тоа се деца и важно ми беше сè да им биде практично, така што не ми се мешаа многу во уредувањето. Единствен проблем ми беше нивното играње со топка и многупати се случи да ми скршат работи што ми беа многу значајни, работи што ги донесов од разни делови на светот. Од мала ги учев да го почитуваат просторот во кој живеат, нешто што сега го практикуваат“, вели Емина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

Пејачката вели дека ѝ сметаат премногу непотребни работи и дека многу од нив подарила. Емина не сакала да експериментира и вели дека не си играла со премногу бои. Просториите се исполнети во беж и светли тонови, кои се разбиени со златни рамки. Станот има пространа кујна и трпезарија, кои често се исполнети со гости.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emina Jahovic (@yaemina)

Емина вели дека водела грижа за сè додека го уредувала станот.
„Буквално, ми беше важна секоја ситница. Можам да кажам дека свеќите ми беа еден од најважните детали во станот. Добриот сервис за чување на чашите за секоја можна пригода. Удобните и убави постелнини, како и светлината, која исто така ми беше важна. Едноставно, сè што носи мир и добра енергија“, вели Емина.

Ќе ви се допадне

Website https://animefreak.ws: Watch Demon Fighter Kocho animefreak Episode Full vinland saga animefreak

Watch Anime on Ads-free Website Animekisa

Website https://wcostream.cc: Watch Castlevania Season 3 wcostream Episode 10 wcostream one piece

Genesis Climber Mospeada: Love, Live, Alive (https://4anime.biz/m/E6Nr) Episode Full

Triberr: https://triberr.com/gogoanimebe

Yarabook: https://yarabook.com/1624524476538023_166644