Хрватската пејачка Северина Којиќ вчера објави фотографија на Инстаграм, на која позира додека ја прима првата доза од вакцината „Фајзер“ против коронавирус.
Северина позираше во здравствената установа каде што ја прими вакцината, а стиховите на песна од Мирослав Шкоро ги стави во описот на сликата.
„Вечерва, добри луѓе, не ме прашувајте ништо… Не ни коментирајте“, напишала пејачката.
View this post on Instagram
Фотографијата брзо собра голем број реакции и коментари, а повеќето нејзини следбеници ѝ честитаа и ѝ посакаа среќа во понатамошната работа.