Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, викендов ја прими вакцината против коронавирус во Музејот на науки во Лондон. Таа се вакцинираше десет дена откако нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, се вакцинираше против Ковид исто така во овој музеј.
„Вчера ја примив првата доза на вакцина против Ковид-19 во лондонскиот Музеј на науки. Благодарна им сум на сите кои учествуваа во ова“, напиша таа.
Од палата не открија која вакцина ја примија кралската двојка, но она што е познато дека тие имаат право на вакцините „фајзер“ или „астразенека“, затоа што се помлади од 40 години, пишуваат британските медиуми.