Џенифер Гарнер ѝ забрани на Лопез да биде во близина на децата на Бен Афлек

Актерката Џенифер Гарнер ѝ забрани на Џенифер Лопез да биде во близина на нејзините три деца. Извор близок до нив открил дека Гарнер не ја поддржала врската меѓу Лопез и Бен Афлек и актерката  не сака да ги вовлекува децата во љубовниот живот на нивниот татко.

„Гарнер е многу тажна и свесна дека Бен е нестабилен во моментов и дека врската со Лопез е збунувачка за него. Тој е изгубен и затоа прави вакви несовесни и ненадејни одлуки. Тој не сака ничија помош и Гарнер е убедена дека тој може повторно да изгори“, открива изворот.

На Гарнер не ѝ пречеше врската на Афлек со кубанската актерка Ана де Армас, затоа што чувствувала дека таа е сериозна и водела кон некаква заедничка иднина, открива изворот.

„Гарнер е свесна дека ова е само минлива авантура и на нејзините деца не им треба личност која ќе влезе во нивните животи и ќе ги напушти преку ноќ“, вели тој.

За потсетување, Гарнер беше во брак со Афлек во периодот од 2005 до 2018 година. Тие останаа пријатели поради нивните деца, 15-годишната Виолет, 12-годишната Серафина и деветгодишниот Самуел, а му помогна и да се излекува од алкохолизам.

 

 

Scroll to Top