Холивудскиот актер Шаја Лебаф ќе мора да оди на терапија за контрола на бесот и да се приклучи на програмата за одвикнување од алкохол, во спротивно ќе оди во затвор, пишуваат американските медиуми.
Како што пишува „Лос Анџелес тајмс“, актерот има сериозни проблеми со алкохолот и е склон кон насилство. Лебаф го следеле серија скандали во изминатиот период, за на крајот да заврши на суд поради тепачка на улица.
Судијата му наредил да се тргне од насилството, да им го предаде на полицијата целото оружје кое го има и му забранил да ѝ се доближи на жртвата.
Лабаф ја признал вината и објаснил дека има проблеми со алкохолот. Ова не е првпат тој да биде обвинет за насилство. Неговата поранешна девојка исто го обвини за телесна и емоционална злоупотреба. Против него тужба поднела и британската пејачка од Талија Дебрет Барнет, позната како FKA Twigs.