Актерката Гвинет Палтроу (48) позираше топлес на реклама за својата нова линија накит, G Label.
Палтроу позираше со десната рака нежно покривајќи ги голите гради, додека го претставуваше својот ѓердан – златен чокер од 2.500 долари.
Фотографијата не само што го покажува телото на Гвинет, туку дава и увид во нејзиниот посебен однос со ќерката Епл (17).
Гвинет откри дека таа и Епл ќе добиваат нов пирсинг на секој роденден на ќерка ѝ
„Секоја година на роденденот на Епл добиваме нов пирсинг – тоа е наша традиција. Таа беше голема инспирација за оваа колекција и ми помогна да ги рафинирам дизајните. Парчињата накит ги именував по неа и нејзините најдобри пријатели “, напиша Гвинет на веб-страницата на својот бренд Goop („ Гуп“).