Францускиот претседател Емануел Макрон го удрија со шлаканица а време на официјална посета на Дром, регион во југоисточна Франција.
Според видеото што се рашири на социјалните мрежи, Макрон се приближува до ограда зад која стојат луѓе, кога еден маж од присутните го фати за рака и потоа го удри по лицето со шлаканица.
Обезбедувањето веднаш го тргна Макрон настрана. Двајца се уапсени поради инцидентот, пишуваат француските медиуми. Кога човекот му удри шлаканица на францускиот претседател, се слушна и извик во виидеото „Долу макронизмот’
ALERTE – Emmanuel Macron vient de se faire gifler lors d’un déplacement à Tain-l’Hermitage dans la Drôme. Deux personnes ont été interpellées. pic.twitter.com/rXH5o15Ibd
— Infos Françaises (@InfosFrancaises) June 8, 2021