(Галерија) Цела естрада на роденден кај Цеца, дечко ѝ дојде последен со торбата од тренинг

Фолк-пејачката Цеца Ражнатовиќ вчера славеше роденден во вилата на Дедиње. На 48. роденден на фолк-пејачката присуствуваа многу познати личности. Речиси цела естрада дојде на роденденот кај Цеца. Меѓу првите што пристигнаа беа модната креаторка и пријателка на Цеца, Маријана Матеус, нејзината кума, пејачката Вики Миљковиќ со сопругот Драгон Ташковиќ.

На забавата биле и Ацо Пејовиќ, Дамир Хандановиќ, продуцентот на „Ѕвездите на Гранд“, Жика Јакшиќ, Вања Мијатовиќ, Саша Матиќ со сопругата, Филип Карајиновиќ со својата девојка и други познати естрадни личности. На забвата беше и Богдан Срејовиќ, дечкото на Цеца, кој дошол последен во опуштенo издание и со торба за тренинг, ама подоцна се пресоблекол во скинати фармерки и кошула во вилата на Ражнатовиќ.

 

 

Scroll to Top