Српскиот пејач Новица Здравковиќ, брат на легендарниот Тома Здравковиќ по долгата и тешка борба со болеста почина синоќа на 74 годишна возраст. Тој починал во болницата Звездара во Белград.
На Новица пред две години му беше дијагностициран рак на мочниот меур, а лекарите подоцна открија дека туморот станал малиген. Пејачот беше опериран на почетокот на минатата година, но туморот се прошири како во случајот со неговиот покоен брат.
Новица долги години соработувал со Тома, а за него го напиша и еден од неговите најголеми хитови „Уморен сум од животот“. Неговите последни албуми се „Амбис на мојот живот“ и „Крал на сплавовите“.
Најголемиот солистички концерт го одржа на 21 декември 2005 година на Белградскиот саем. Хитот по кој ќе се памети е песната „Сплавови“.