Актерката и сценаристка Хајди Ферер се самоуби на 50-годишна возраст, пишуваат американските медиуми. Иако не изгради кариера како глумица, таа важеше за една од подобрите сценаристки во Холивуд, а ја напиша култната серија Dawson’s Creek, со која се прослави и Кејти Холмс.
Сопругот на Ферер, филмскиот автор Ник Гат, откри дека Хајди не успеала да се избори со пандемијата и нејзиното ментално здравје било сериозно нарушено по короната, а таа страдала од пост-ковид симптоми.
„Претходните 13 месеци ѝ беше одземено сè во што уживаше: движењето, уживањето во храната бидејќи мораше да се придржува кон рестриктивно мени, а на крај и способноста за спиење. Дури не уживаше ниту во книгите“, напиша тој.
Двојката има еден син.