Брза солена торта

Потребни состојки:

8 јајца
300гр урда
200 р крем сирење
450гр морков исечен на ленти
500гр сечкани шампињони
½ црвен ситно сечкан кромид
500гр цветови од брокула
Сол
Бибер
Маслиново масло

Начин на подготовка:

Во поголем сад измешјате го крем сирењето, урдата, јајцата и зачините. Добро измешајте и оставете на страна. Во тавче, на малку маслиново масло пет минути динстајте го морковот. Кога ќе биде готов, тргенете го настрана. Во истата тава 10 минути динствувајте ги печурките и кромидот, да испари течноста. Брокулата сварете ја во солена вода 3-5 минути. Исцедете ја. Рерната загрејте ја на 180 степени. Намастете го со масло кружниот калап за торта. На дното ставете ја брокулата и прелијте ја со течноста од сирење и јајца, потоа ставете ги кромидот и печурките, па уште слој од преливот. На врвот ставете го морковот и прилјте со остатокот од сместата. Печете 45 минути.

Scroll to Top