Правилото гол во гости повеќе нема да важи на европските натпреварувања

Од УЕФА одлучија повеќе да не важи правилото гол постигнат во гости на европските натпреварувања. Ова правило важи кога два тима играат двапати во нокаут фазата.

Ова правило првпат е воведено во фудбалот во 1965 година, во тогашниот Куп на победници на куповите. Целта тогаш била да се избегне трет натпревар на неутрален терен и доигрување, односно да се охрабрат тимовите кои биле гости, да играат поофанзивно.

Денес УЕФА на своите профили на социјалните мрежи, порача дека правилото се укинува и промените ќе стапат на сила од сезоната 2021/2022.

 

 

Scroll to Top