Принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон, не му откриле на својот син, принцот Џорџ, дека еден ден ќе стане крал, затоа што сакале да има нормално детство, открива авторот Роберт Лејси во својата книга Battle of brothers.
Тој вели дека принцот Џорџ дознал дека ќе стане крал на неговиот седми роденден. Малиот принц е на ред да седне на престолот, по неговата прабаба Елизабета Втора, дедо му принцот Чарлс и неговиот татко, принцот Вилијам.
„Вилијам никогаш јавно не откри кога и како му кажа на Џорџ дека еден ден ќе стане крал. Можеби тоа еден ден ќе го направи самиот Џорџ. Но, се верува дека тоа се случило некаде околу неговиот седми роденден, летото 2020 година. Неговите родители одлучија да му ја објаснат подетално неговата иднина должностите кои ќе следат“, вели Лејси и додал дека Вилијам како татко се обидува на Чарлс да му овозможи нормално детство.
Минатата година еден кралски експерт рече дека Џорџ е свесен дека се разликува од своите брат и сестра и дека често времето го минува насамо со неговиот дедо, принцот Чарлс и прабара кралицата Елизабета.