Композицијата „Zugzwang” за виолина, пијано, перкусии и електроника од македонската композиторка Дарија Андовска, беше селектирана од над 200 композиции од целиот свет за изведба во рамките на 29. Меѓународна Трибина на Композитори во Белград, Србија.
Од преку двеста композиции пристигнати на конкурсот на Сојузот на композитори на Србија, во програмата се вклучени само 38 дела на автори од Србија, Македонија, Велика Британија, Германија, Унгарија, САД, Русија, Словачка, Хрватска, Јапонија и Белгија, во програм од 6 концерти, кој според селекторката Бранка Поповиќ, е исполнет со композиции кои застапуваат изразите различни естетски “гласови“ на најновото творештво во современата уметничка музика во Србија и светот.
Делото на македонската авторка Андовска, за потребите на фестивалот, е снимено во концертната сала Коларац во Белград од реномираниот ансамбл Метаморфозис, а понатаму емитувано на РТС Класик.