Потребни состојки:
170 грама чоколадни бисквити
50 грама путер или маргарин
100 грама црно чоколадо
500 грама крем (обичен, растителен или од соја)
арома на ванила
200 грама кондензирано млеко
2 лажици какао
Начин на подготовка:
Измелете ги бисквитите во блендер и префрлете ги во подлабок сад. Додајте го растопениот путер и 1 лажица крем. Измешајте добро. Ставете ја смесата во калап со дијаметар од 18 см, добро притиснете и израмнете. Ставете 100 грама чоколадо и 100 грама крем во сад и стопете ги во микробранова печка. Измешајте 400 грама крем и арома на ванила и додајте 200 грама кондензирано млеко. Земете половина од кремот и додајте 2 лажици какао. Формирајте кружни форми со темниот крем на основата во калапот и обложете ги со растопено чоколадо. Наполнете ги дупките со бел крем и одозгора исцртајте со растопеното чоколадо. Измазнете и премачкајте со чоколадо. Ставете ја тортата во замрзнувач да стои неколку часа. Извадете ја 20 минути пред сервирање.