Укината пресудата за сексуална злоупотреба за Бил Козби

Највисокиот суд во американската држава Пенсилванија ја преиначи осудителната пресуда против актерот и комичар Бил Козби за сексуална злоупотреба, јавуваат медиумите. Со ова се отвора простор Козби веднаш да биде пуштен од затвор, каде што ги помина последните две години.

Судијата објасни дека одбраната на Козби имала договор со претходните обвинители кој спречувал ново обвинение од друг обвинителски тим.

Актерот беше осуден на казна затвор од три до десет години, поради сексуалната злоупотреба на Андреа Констанд, поранешна службеничка која работела за женската кошаркарска екипа на универзитетот Темпл.

83-годишниот Козби одлежи две години од казната, откако беше прогласен за виновен дека ја дрогирал и ја злоупотребувал Констанд во неговиот дом во предградие на Филаделфија во 2004 година. Тој беше првата позната личност судена и осудена во ерата на движењето #MeToo.

Поранешната ѕвезда на серијата „Козби шоу“ беше уапсен во 2015 година, кога се појавија нови доказ што овозможија да биде покренато обвинение за тогаш 12 години стариот случај.

Scroll to Top