Тик-ток ќе им дозволи на корисниците да објавуваат видеа кои ќе бидат најмногу до три минути и со тоа ја зголеми нивната должина. Ова е за цел да бидат чекор понапред од конкуренцијата.
„Со подолги видеа, креаторите добиваат платно за нови и проширени типови содржини на Тик-ток, а повеќе простор ќе им овозможи флексибилност“, кажа менаџерот за производи во компанијата, Дру Кирхоф.
Сегашниот лимит е една минута, а новата опција ќе биде пуштена наскоро.
Тик-ток е една од најпопуларните апликации на светот, со една милијарди корисници, од кои 100 милиони во САД.