Во центарот на Охрид се прошета гол човек на возраст од околу 50 години. Тој шеташе низ чарчијата во исто време додека на прошетка низ градот беа претставниците на неколку странски делегации, кои учествуваат на „Преспа форум дијалог“.
Мажот, чиј идентитет не е познат, се соблекол на плоштадот и ги оставил панталоните на рекламно пано, а потоа почнал да се шета. Тој се појавил гол и утрото, но потоа и попладнето се прошетал гол по охридската чаршија, велат очевидци.
Во Охрид во моментов се одржува „Преспа форум дијалог“, настан на кој учествуваат политичари од целиот свет, а таму е и македонски државен врв.