Американскиот претседател Џо Бајден клекна пред шефицата на кабинетот на израелскиот претседател во заминување Рувен Ривлин, кога слушна дека има 12 деца. Бајден, кој е татко на четири деца, клекна на колена и ја наведна главата за да изрази почит.
Моментот кога Бајден клекна пред Равиќ го фотографираше член на прес-одделот на Владата на Израел, пренесуваат израелските медиуми.
Ривлин на прошталната средба со Бајден, бидејќи неговата посета на САД беше последна на функцијата претседател на државата, на американскиот претседател му кажа дека Ривка Равиќ (45), освењн што со години му е клучен советник, се грижи и за големо домаќинство. Таа беше со Ривлин и додека тој беше пратеник на Ликуд, министер за комуникации и претседател на Кнесетот.
Ривлин (81) следната недела јанапушта претседателската функција и на негово место ќе дојде поранешниот пратеник и министер Јицак Херцог (60), син на поранешниот шеф на државата Хаим Херцог и поранешен шеф на невладината организација „Еврејска агенција за Израел“, која ги поврзуваше Евреите низ целиот свет од 1929 година.