Пире од грашок

Грашокот, подготвен на овој начин одлично се сервира со добро зачинето месо.

Состојки:

  • 500 гр. замрзнат или свеж грашок
  • 1 лажица масло
  • 3-4 главици лук
  • Сол по вкус

Подготовка:

Ставете го грашокот да се вари во малку вода, кога ќе зоврие, додадете сол и едена поголема главица лук исечкан на неколку делови.

Кога грашокот ќе се свари (околу 15-20 минути), процедете и оставете околу 150 мл. вода во која се варел за да можете да го разредете пирето.

Во процедениот грашок веднаш додадете 100 мл. вода во која се варел и со гмечалка истапкајте го, а потоа по потреба додадете уште вода.

Загрејте го маслото, додадете го ситно сечканиот лук и веднаш после тоа додадете го пирето од грашок, па мешајте неколку минути и посолете по вкус.

Количината на лук прилагодите ја по свој вкус, но колку повеќе се чувствува, толку грашокот е повкусен, сепак немојте ни да претерувате.

Scroll to Top