Ричард Донер, режисерот на хит-филмовите „Супермен“ и „Смртоносно оружје“, почина на 92 години. Веста за смртта на Донер ја потврди неговото семејство.
Донер имаше богата кариера како режисер и продуцент, особено во 70-тите и 80-тите. Тој го режира „Супермен“ со Кристофер Рив, прв филм со суперхерои, во време кога популарноста на филмовите со стрип-ликови сè уште не беше голема кај публиката. „Супермен“ (1978 година) имаше огромен комерцијален успех и стана филм со најголема заработка во Северна Америка таа година, 300 милиони долари. Филмот беше номиниран за четири „Оскари“ и доби еден за најдобри визуелни ефекти.
Донер подоцна формира продуцентска куќа со својата сопруга Лорен Шулер Донер, која ги продуцира „Х-мен“ и „Ослободете го Вили“.