Лидерот на српската партија ЛДП, Чедомир Јовановиќ, на својот Инстаграм објави фотографии од билборди поставени низ Македонија, изразувајќи благодарност до Србија за донираните вакцини.
„Верував во ова, поради ова ги уривав ѕидовите на глупоста и омразата со глава. Горд сум на Скопје и Белград„ напиша тој во објавата.
За потсетување, Македонија првите вакцини против Ковид-19 ги доби од Србија. Земјата во повеќе наврати донираше вакцини на Македонија, а македонските граѓани можат да се вакцинираат во пунктовите низ Србија без никаков проблем.