Холивудската глумица Скарлет Јохансон ќе стане мајка. Таа и нејзиниот маж Колин Џост го чекаат нивното прво дете, пишуваат американските медиуми. Ова ќе ѝ биде второ дете на глумицата, која ја има шестгодишната ќерка Роуз од претходниот брак со Ромија Дуријак.
„Скарлет е во поодмина бременост, треба да се породи набргу. Знам дека таа и Колин се пресреќни. Не сакаше да се знае во јавноста дека е бремена, таа е многу повлечена личност“, рекол извор близок до глумицата за „Пејџ сикс“.
Актерката, која во моментот е актуелна со филмот „Црната вдовица“, досега не даде ниту едно интервју во живо за да го промовира филмот. Но, американскиот таблоид пишува дека таа ќе се појави на премиерата во Холивуд на 9 јули и дека тогаш јавно ќе каже дека е бремена.
„Чудно е што самата не го промовира филмот, иако ја игра главната улога, ама е и продуцент. ‘Црната вдовица’ е огромен филм за се откаже од него тукутака. Таа дава интервјуа преку ‘Зум’ и секогаш ѝ се гледа само главата. Тајната е дека треба да роди бебе“, пишуваат медиумите во САД.