Лесен оброк од зеленчук
Состојки:
- 1 брокула
- 1 кг. компир
- 3 чешни лук
- маслиново масло
- сол, бибер, зачин по желба
Подготовка:
Сварете брокула и компир исечкан на коцки, но одвоено. На маслиново масло испрежете го исечканиот лук и врз тоа истурете ја сварената брокула, а потоа и сварениот компир. Посолете, забиберите и додадете уште зачин по желба и уште малку прелијте со маслиново масло.