Мократа фризура е апсолутен хит ова лето

Не постои ништо поубаво од моментот кога ќе излеземе од туш кабината, а инфлуенсерите одлучија да го фатат тој момент и го претворија во бјути тренд. Така што, мократа фризура стана апсолутен тренд за оваа летна сезона.

Покрај тоа што мократа фризура е доста шик, исто така е практична во текот на овој период.

Постојат многу варијации на оваа тема, а едно е сигурно: мократа коса може да се носи секогаш и секаде. Во продолжение, погледнете неколку примери кои може да ве инспирираат.

Кадрава коса

За дамите со локни ова е идеално решение. Покрај тоа што нема да ги упропастате локните, непослушните влакна ќе ги фатите со шнола, а ќе изгледате тренди само за неколку минути.

Кратка коса

Девојките со кратка коса многу лесно можат да ја постигнат оваа фризура.

Коса како од море

Доколку, пак, преферирате изглед како да тукушто да сте ја исушиле косата на ветер на плажа, тогаш дефинитивно ќе бидете во тренд.

Идеално за коса од „три дена“

На овој начин можете да прекриете и неизмената коса, а таа и тоа како ќе изгледа шик.

 

Scroll to Top