Популарната група „Фрајле“ на 31 јули ќе одржи концерт на Античкиот театар во Охрид. Ова ќе биде прв настап на новосадската група во Македонија, откако од бендот среде пандемија си замина Марија за да му се посвети на компонирањето, а „Фрајле“ останаа трио.
Девојките, познати по тоа што секогаш прават одлична забава на своите концерти и свирки, и овој пат ќе ги испеат своите авторски песни, но и преработките на најпопуларните ју-хитови, кои се со нивни аранжман.
Организатор на концертот е „Прагма продукција“. Билетите се веќе во продажба.