Во сообраќајна несреќа во Русија загинаа светската рекордерка во мотоциклизам Татјана Игушина и автомобилистот Иван Курбенбин. Според руските медиуми, тие изгореле живи, откако со преголема брзина изгубиле контрола над возилото и се забиле во столб.
Во извештајот на полицијата стои дека возачот дал гас до крај, но не успеал да сопре навреме. По ударот во столбот, возилото се запалило, а Татјана и Иван изгореле. Сè уште не се знае дали биле под дејство на алкохол, но и кој го возел „поршето 911“, во кое биле кога се случила несреќата.
View this post on Instagram