Томи Ли од Сиднеј се вакцинирал со двете вакцини на „Фајзер“ и „Астразенека“. Тој рече дека ги примил вакцините по двапати и дека примил рекордни четири дози против коронавирус. Вели дека сакал да има поголем имунитет против коронавирусот.
Ли им објасни на сите дека немал намера на никого да му ја украде вакцината, иако е познато дека „Фајзер“ дава само на постари од четириесет години и на лица кои се во критчна состојба.
„На никого не му ја украдов вакцината. Буквално чекав во ред за да добијам. Вакцинацијата подразбира мало ангажирање и секој може тоа да го направи. Вработените од службата за јавно здравје не се заинтересирани да изиграваат вакцинална полиција за федералната влада“, рече Ли.
Првата доза од „Астразенека“ ја примил на 31 март. Истиот ден ја примил и првата доза на „Фајзер“. Потоа на 30 јуни ја примил и втората доза на „Астразенека“, а потоа втората доза на „Фајзер“ во понеделникот во центарот за вакцинација во Олимпискиот парк во Сиднеј.
Оксана Пизик, експерт за инфективна болест од Универзитетскиот колеџ во Лондон, вели дека комбинацијата на вакцини создава девет пати повеќе антитела. Но, сè уште нема научни докази дека оваа комбинација е ефикасна.
Светската здравствена организација објави дека не препорачува мешање на вакцините од различни произведувачи, оценувајќи го тоа како опасен тренд.
Ли најаив дека планира да оди кај својот матичен лека и да направи лабораториски анализи на крвта, за да види каков ќе биде ефектот од неговата одлука да прими вкупно четири дози од два различни производители.
Ли вели дека се чувствува добро по втората доза на „Фајзер“.