Тетин ми сексуално ме вознемируваше од пет години, беше одвратно, а јас молчев: Тери Хечер била жртва на педофилија

Актерката Тери Хечер позната по улогата во хит серијата „Очајни домаќинки“ откри дека имала пет години, кога нејзиниот тетин почнал да сексуално да ја злоставува. Таа го раскажа ова на настан организиран од Обединетите нации, во рамките на Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените. Популарната глумица рече дека конечно решила да признае дека е жртва на сексуална злоупотреба и педофилија и дека тоа било најболното искуство во нејзиниот живот.

„Мојот тетин, Ричард Хејс Стоун, почна да ме злоставува сексуално кога имав пет години. Тоа траеше додека не наполнив осум или девет години. Бев убедена дека тоа е моја вина и се обвинував себеси за она што ми се случи, па затоа не му кажав на никого за тоа и сè чував за себе“, рекла Тери.

Родителите на актерката не биле свесни дека се случува нешто невообичаено додека нејзината мајка не забележала дека Тери се однесува чудно во близина на нејзиниот тетин.

„Сите молчевме, полесно ни беше. Размислував дали сум луда, можеби измислувам? На жртвите им е полесно да поверуваат дека е плод на имагинација, отколку да се соочат со вистината“, рекла Тери.

Таа била убедена дека засекогаш ќе ја чува тајната во себе. Нејзината тетка во меѓувреме се развела од својот маж, а брзо потоа дознала дека Стоун бил обвинет за злоупотреба на уште две девојчиња, а едната од нив се самоубила. Според информацијата на полицијата, родителите на девојчето биле пријатели со Ричард Стоун, а таа оставила проштално писмо во кое пишувало: „Сигурно се прашувате зошто нормален тинејџер го сторил ова. Па, прашајте го Дик зошто“.

По ова, Хечер решила да проговори и да им помогне на истражителите. Стоун бил осуден на 14 години. Тој по шест години, починал во затворот.

Scroll to Top