Марина Туцаковиќ (67), најпознатиот текстописец во регионот, откри дека наскоро треба да почне снимањето на филмот во кој ќе се раскаже нејзиниот живот, кариера и сè што преживеала низ годините. Таа вели и дека би сакала Аница Добра да го глуми нејзиниот лик.
„Таа е одлична актерка и би можела без проблем да ме глуми. Нема кој не слушнал за неа и сите мислат дека е одлична“, рекла Марина за српските медиуми.
Поради ракот на дојката, Туцаковиќ вели и дека нема да може активно да учествува во правењето на филмот, но дека сепак би сакала да се појави во неколку кадри.
„Филмот е сепак за мене и за мојот живот, па зошто да ме нема“, додала таа.