Ќе се снима филм за животот на Марина Туцаковиќ, еден од најдобрите текстописци во регионот

Марина Туцаковиќ (67), најпознатиот текстописец во регионот, откри дека наскоро треба да почне снимањето на филмот во кој ќе се раскаже нејзиниот живот, кариера и сè што преживеала низ годините. Таа вели и дека би сакала Аница Добра да го глуми нејзиниот лик.

„Таа е одлична актерка и би можела без проблем да ме глуми. Нема кој не слушнал за неа и сите мислат дека е одлична“, рекла Марина за српските медиуми.

Поради ракот на дојката, Туцаковиќ вели и дека нема да може активно да учествува во правењето на филмот, но дека сепак би сакала да се појави во неколку кадри.

„Филмот е сепак за мене и за мојот живот, па зошто да ме нема“, додала таа.

Scroll to Top