Светската ракометна асоцијација парично ја казни норвешката женска репрезентација во ракомет на песок, оти одбија да играат во бикини-гаќички на Европското првенство во Варна, Бугарија. Ракометарките на Норвешка не сакаа да носат бикини-гаќички и открија дека тоа го сметаат за сексуализација на спортистките.
Тие го игнорираа предупредувањето да се придржуваат до протоколот и на натпреварот за третото место се појавија во кратки шорцеви. ИХФ им изрече поединечна парична казна од по 150 евра на секоја ракометарка, или вкупно 1.500 евра.
Норвешката ракометна федерација соопшти дека ќе ја плати казната и изрази поддршка на своите ракометарки.
„Горди сме на девојките кои настапија на Европското првенство во ракомет на песок. Го кренаа гласот и порачаа дека е доста“, објави Норвешката федерација.
Ракометарките на Норвешка го загубија натпреварот за третото место од Шпанија со 23:22.