Потребни состојки:
150 г мелени бисквити
100 г растопен путер
100 г темно чоколадо
70 г шеќер
100 мл ладно млеко
Крем
600 мл хопла
300 г кондензирано млеко
за ванила крем 1 лажица ванилин екстракт
за чоколаден крем 100 г растопено чоколадо и 2 лажички какао
Прелив
200 г чоколадо
200 мл хопла
Начин на подготовка:
Прво се прави подлогата. Се мелат бисквитите и се додава шеќерот и ладното млеко, а чоколадото се растопува заедно со путерот и се додава во другите состојки. Се меша убаво и смесата се растапкува во калап обложен со најлонска фолија. Се става во фрижидер.
За кремовите, се мати хоплата пенесто и се додава кондензираното млеко. Кремот се дели на два дела. Во едниот се додава ванилиниот екстракт и се меша, а во другиот растопеното чоколадо и какаото и се мати со миксерот. Потоа се прави преливот: се загрева хоплата и се става чоколадото, се меша убаво и се процедува низ цедалка.
Подлогата се вади од фрижидер и со лажица се става прво од едниот фил, па од другиот. Се нанедува преливот, па се повторува постапката додека не се потрошат и кремовите и преливот. Се става во замрзнувач неколку часа пред да се послужи.