Потребни состојки
50г брашно
30г интегрално пченично брашно
30г какао
пола лажичка сода бикарбона
прстофат сол
60мл млеко
100мл јаворов сируп
2 лажици маслиново масло
пола лажичка јаболков оцет
пола лажичка ванила арома
500мл сладолед од фстак
500мл сорбе од манго
500мл сорбе од јагоди
Начин на подготовка
Најпрво го правиме тестото кое е основа на тортата. Ги мешаме брашното, какаото, содата и солта во подлабок сад. Ги додаваме млекото, јаворовиот сируп, ванилата, оцетот и маслиновото масло и мешаме убаво со жица. Смесата ја префрламе во калап за печење, претхопдно обложен со хартија и печеме на 180 степени околу 20 минути. Оставаме основата за сладоледот целосно да се олади. Калапот го миеме и сушиме, го обложуваме со хартија за печење и во него ја враќаме печената основа и ја замрзнуваме околку 2 часа.
Сладоледот од фстак го оставаме да омекне, па го ставаме врз замрзнатото тесто и израмнуваме. Враќаме во замрзнувач најмалку 2 часа. Истата постапка ја повторуваме со сладоледите од манго и јагода. Кога ќе го ставиме последниот слој сладолед/сорбе ја оставме тортата во замрзнувач преку ноќ.
Пред послужување ја оставаме кратко на собна температура, па со помош на хартијата за печење ја вадиме тортата од калапот и ја пренесуваме на чинија.