Пејачката Ивана Петерс пред неколку дена била итно пренесена во болница поради напад на жолчката и лекарите веднаш ја оперирале. Операцијата поминала без компликации, а Ивана се чувствува добро, пишуваат српските медиуми.
„Во неделата Ивана отиде на доктор бидејќи имаше силни болки во пределот на жолчката, но немаше тешки компликации. Во вторникот ја оперираа, жолчката ѝ е извадена и неколку камчиња. Сè е направено лапараскопски, но мораше да биде со целосна анестезија поради проблемите кои ги има со срцето. Операцијата помина супер и таа е веќе дома“, рекол извор близок до пејачката за Пинк.
Ивана, која е пејачка и композитор, се прослави во 1990-те години како членка на групата „Тап 011“ каде што пееше заедно со Гоца Тржан. Потоа долги години настапуваше со „Негатив“. Публиката се сеќава на неа и како член на жирито во „Пинкови ѕвезди“, а се натпреваруваше и во шоуто „Твоето лице звучи познато“.