Синот на Џејми Ли Кертис го смени полот: Со гордост гледав како Томас станува жена

Холивудската ѕвезда Џејми Ли Кетрис откри дека нејзиното најмало дете, синот Томас, е трансродово лице кое го сменило полот, па сега е жена по име Руби. Глумицата во интервју првпат проговори за процесот на транзиција, што сè се случувало во нивното семејство и рече дека е горда на своето дете.

Животната приказна на својата ќерка, Џејми ја раскажа дури откако добила дозвола од Руби (25).

„Ја исфрлив од глава идејата дека полот е фиксен. Животот е постојана метаморфоза, се менува сè, па зошто не и телото во кое сме родени ако не ни е удобно во него“, рекла Ли Кертис и додала дека нејзината ќерка наскоро ќе се мажи.

„Ќе прави свадба догодина, а јас ќе ја венчам“, рече глумицата, но не откри дали Руби ќе се венча со маж или жена.

Изминатите неколку години Џејми постојано им даваше поддршка на трансродовите личности и споделуваше вести поврзани со овие лица. Таа со години ги чуваше децата подалеку од јавноста и само на неколку настани се појавила заедно со нив.

 

Кетрис, која е ќерка на филмски ѕвезди, отсекогаш важела за жена со широки погледи кон светот. Таа вели дека имала убаво детство помеѓу хомосексуалци, благодарејќи на своите холивудски родители.

„Шминкерката на мојата мајка беше геј, драматургот со кој играше беше голем пријател на нашето семејство, а и тој беше геј. Сепак, не мора да имате сопствено искуство за да имате сочувство и потреба за правда и еднаквост. Во ЛГБТ светот имам и пријатели и семејство, и важна ми е еднаквоста во сите области,“ кажа таа.

Џејми и нејзиниот сопруг со години се бореа со неплодноста, па во 1986 година ја посвоија најстарата ќерка Ени. Девет години подоцна ја посвоија Руби. Во 1996 година глумицата ја напиша книгата „Кажи ми повторно за ноќта во која сум роден“ за да ја нагласи важноста за споделувањето на приказната за посвоеното дете.

 

Scroll to Top