Хрватскиот музичар Стјепан Хаусер, еден од членовите на познатото хрватско дуо „2Cellos“, на својот „Јутјуб“ канал објави видеа од неколку преработени песни.
Познатиот виолинчелист ги преработи латино-италијанската песна „Воларе“ и уште неколку кавер песни „Јерусалема“ „Деспасито“ „Бела Чао“ и „Ламбада“. Додека тој свири покрај вода многу згодни девојки и момци танцуваа на песните.
Голем број од фановите му напишаа дека би сакале и тие да бидат дел од неговите музички видеа и дека со неговата музика тој секогаш шири позитивна енергија.
View this post on Instagram