Иако најавија дека се разделија, па и јавно се препукуваа кој е виновен, Ване и Дунавка пак се заедно и прославија една година љубов. Тие во јуни објавија дека се разведуваат по пет месеци брак, но, неодамна повторно ја обновија врската во Охрид.
Сега поранешниот директор на финансова полиција напиша дека за целото тоа време тие имале и убави и лоши моменти.
„Една година од објавувањето на нашата прва фотографија. Искрено му благодарам на Бог што те испрати, за заедно да чекориме во добро и зло. Ти преку дела ми покажа дека со чиста љубов и силна вера во Бог, се возможни и најубавите нешта. Го молам Бог да не благослави со уште многу вакви моменти. Среќна годишнина љубов“, напиша Ване.
Кога се разделија, Ване напиша дека тоа е заради работните обврски, додека Дунавка објави дека тој бил како мама каже. Претходно се венчаа годинава пред Прочка, а Ване за „Репортер“ ни кажа како се запознале и како тој ја запросил. Ни откри и како Дунавка го спасила од бившата која се уште го прогонува.