Лесно се комбинираат со разни модни детали.
Бохо фустаните се присутни на модната сцена речиси секоја летна сезона. Жените обожаваат да ги носат во дневна варијанта, а со само неколку ефективни детали, можат да послужат како одличен избор за вечерна дружба со пријателите.
Овие фустани се карактеризираат со лесни материјали, цветни дезени, земјени бои и интересни мотиви. Имајќи предвид дека се лелеави и паѓаат опуштено, совршено ѝ прилегаат на секоја фигура. Освен тоа што секоја жена изгледа феноменално во нив, тие се и доста удобни.
Изгледаат одлично и кога носите патики, но и кога ги комбинирате со рамни сандали или потпетици.
1. Долг шарен фустан
Фустаните и здолништата со копчиња не се ништо иновативно, но денешните модни дизајнери ги дизајнираа и направија да изгледаат совршено. Шарената облека со копчиња беше популарна во 90 -тите, но сега повторно се враќа во тренд.
Направете го вашиот изглед поинтересен со додавање само на неколку различни додатоци, како златни нараквици, очила, капа и мала кафена чанта.
2. Бохо фустан со отворен грб
Овие фустани се носат со години и никогаш не излегуваат од мода. Секогаш се добар избор за жешките летни денови. Во комбинација со ефективен накит и потпетици, ќе бидете подготвени за романтична вечера.
3. Син фустан со длабок шлиц
Елегантни и едноставни, овие фустани подлежат на вистински модни трансформации, па лесно може да се комбинираат со влечки. Тие лесно се вклопуваат во различни стилови.
4. Лелеав бел фустан
Удобниот бел фустан во бохо стил одговара на секоја жена. Може да се носи од утро до вечер, а во зависност од додатоците и обувките, се вклопува во најразновидни стајлинзи.
5. Жолт фустан со бели точки
Жолтата е вистинска летна боја, особено добро стои кога ќе добиете потемнет тен. Чанта во боја на кожа, сандали со потпетици и елегантни очила за сонце се додатоците кои ќе бидат одличен финиш на вашиот шик стајлинг.