Холивудскиот глумец Џони Деп доби судска пресуда во негова корист против поранешната сопруга Амбер Херд на суд. Тој е на добар пат да докаже дека седумте милиони долари, што ѝ ги дал по разводот, таа не ги уплатила на сметка на детска болница во Лос Анџелес и на Американската унија за граѓански права, како што ветила.
Судот сега побарал од Унијата доказ дека парите се уплатени на нивната сметка. Во спротивно, тоа ќе значи голема победа на Деп во судскиот спор против неговата поранешна сопруга.
За потсетување, Амбер и Деп се венчаа во 2015 година. Таа само една година потоа поднесе барање за развод и го обвини Деп за семејно насилство.
Судскиот процес траеше со месеци, а Деп и неговите адвокати ги негираа сите обвинувања на Амбер и тврделе дека глумицата сака само да профитира на грбот на нивниот клиент.
Поранешните сопружници успеаа да се спогодат и Деп да ѝ плати седум милиони долари за кои Амбер тврдеше дека ќе ги донира на Американската унија за граѓански слобода и на детска болница во Лос Анџелес.
Сега Деп се обидува да дојде до докази дека таа не го почитувала договореното.