Опра, Клуни, Спилберг на роденден кај Барак Обама, светскиот џет сет на журка кај екс претседателот

Поранешниот американски претседател Барак Обама ќе прави гала журка за својот 60 роденден. Забавата ќе се одржи наредниот викенд на островот Марта Вајнјард, јужно од Кејп Код во Масачусетс каде Обама има имот вреден 12 милиони долари.

Како пренесува „Си-ен-ен“, на забавата ќе дојдат 475 гости за кои ќе се погрижи послука од 200 членови.

Од познатите кои ќе дојдат ќе бидат холивудскиот актер и режисер, Џорџ Клуни и Стивен Спилберг, како и популарната американска водителка Опра Винфри. Иако Обама е во одлични односи со актуелниот американски претседал, Џо Бајден нема да дојде на забавата.

„Претседателот нема да биде во можност да присуствува на забавата затоа што патува во Делавер. Но, се радува на тоа што ќе се состане со Обама и лично ќе му честита и ќе му посака добредојде во клубот на постари од 60 години“, велат од Белата куќа.

Сите гости ќе мораат да направат тест на коронавирус, открил анонимен извор упатен во организацијата на забавата. Неоки од медиумите пренесоа дека гостите ќе ги забавува бендот Перл Џем, но, тоа го демантираше Обама.

Британскиот новинар Пирс Морган во својот коментар на сајтот на „Дејли Мејл“, го повика Обама да ја откаже забавата поради растот на заболени од коронавирус.

„Замислете за момент Трамп да организираше голема забава и да покани 475 конзервативци. Што мислите, каква ќе беше реакцијата од круговите на либералите“, праша јавно Морган.

 

Scroll to Top