Познатиот холивудски глумец Бен Афлек и неговата девојка, пејачката Џенифер Лопез, планираат тајно да се венчаат, пишуваат светските медиуми. Свеченоста ќе ја направат во Мајами, а веќе се познати и имињата на гостите што ќе присуствуваат на свадбата.
Извор блиски до нив говорат дека Лопез сака целото нејзино семејство да биде дел од забавата, но дека се двоумела за изборот на девериците.
„Џеј Ло и Бен сакаат целото семејство да биде вклучено во овој одличен ден. Џнифер одлучи дека деверици ќе биде нејзината 12-годишна ќерка Ема, како и ќерките на Бен, 15-годишната Виолет и 12-годишната Серафина“, открива изворот.
Тој вели дека и нејзиниот 12-годишен Макс и деветгодишниот Самуил на Бен исто така ќе имаат посебни улоги на венчавката, а кум ќе им биде помладиот брат на актерот, Кејси Афлек.
На венчавката ќе присуствува и поранешен сопруг на Лопез, музичарот Марк Ентони, како и татко ѝ, кој треба да ја однесе до олтарот.
Медиумот исто така наведува дека, покрај Мајами, двојката ја разгледува и опцијата за венчавка во Санта Барбара, а Лопез е решена венчавката да ја одржи во црквата.
За потсетување, шпекулациите за обновената романса по 17 години почнаа пред неколку недели кога папараците ги снимија Џеј Ло и Бен на романтичен викенд.
Тие веќе не се ни обидуваат да се кријат, па во неколку наврати досега се снимени како разменуваат нежности во јавност.