Овен
Вашиот партнер се чувствува запоставено. Предложете му заедничка прошетка и разговор. Ќе ви годи повторното активирање на страстите.
Бик
Повикајте ја личноста која веќе некое време ви го привлекува вниманието. Немојте да чекате посебна можност или повод.
Близнаци
Ќе добиете можност да поправите грешка од минатата недела. Немојте да се двоумите, туку дадете се од себе.
Рак
Делувате отсутно и незаинтересирано, а партнерот ви замерува за тоа. Покажете малку иницијатива и оптимизам, инаку многу непредвидени работи би можеле да се случат.
Лав
Задоволни сте и делувате неодоливо на своето окружување. Затоа и не е изненадувачки фактот што имате голем број на партнери, но конечно мора да донесете одлука чија понуда ќе ја прифатите. Седењето на две столчиња не ви доликува.
Девица
Ова е вистински момент за да ѝ пријдете на личноста која ви се допаѓа. Нема да оддолее на вашиот шарм и духовитост.
Вага
Не сте во најдобро расположение и обврските ќе ги одложите за некој друг пат. Пробајте да се сконцентрирате и внимавајте да не направите грешка.
Шкорпија
Страста која ја имате во врската во која се наоѓате е во сериозна криза. Немојте да му ја префрлате вината на партнерот.
Стрелец
Се чувствувате добро и задоволни сте со врската во која се наоѓате. Поддршката на партнерот би требало да ја цените малку повеќе.
Јарец
Донесовте погрешна одлука и сега се каете. Повикајте ја саканата личност и пробајте да ја исправите грешката додека не е предоцна.
Водолија
Подарете внимание на личност во знакот на Лав и покажете ѝ што чувствувате. Нема што да чекате.
Риби
Искрено изразете ги своите чувства пред саканата личност. Потрудете се да се вклопите со заедничките желби и потреби. Оние кои не се во врска, викендов може да очекуваат разочарување од личноста која им се допаѓа.