Денеска на скопскиот аеродром во Скопје, пристигна специјализиран воен авион Ц-27 Спартан од Романија кој ќе ги гасне пожарите низ земјата. Авионот ќе испушта 6-тонски кеси со вода во беровскиот регион.
Се очекува наскоро да пристигне уште еден романски авион кој ќе донесе контејнери и дополнителна придружна опрема во поддршка на справувањето со пожарите.
Вчера во земјава стигна и австрискиот конвој кој е составен од 136 лица, 16 возила, 24 камиони, 1 амбулантно возило, 2 АТВ и 9 приколки. Тие веќе се распоредени во Пехчевскиот и Делчевскиот Регион какде пожарот веќе неколку дена не може да се стави под контрола и постои опасност за негово ширење кон Берово и Бугарија.