Популарниот американски глумец и комичар, Џим Белуши, се разведува по третпат. Тој побарал развод од неговата сопруга Џенифер Слоан, по 23 години брак. Глумецот барањето го поднел изминатиот петок во врховниот суд во Лос Анџелес.
Белуши и пред три години, во 2018 година, побара развод поради како што рече непремостливите разлики кои ги имале со сопругата, но, недолго потоа двојката се смири и останаа во брак. Тие се заедно од 1998 година и ги имаат ќерката Џејмисон (22) и синот Џерард (19).
Ако се разведат, ова ќе биде трет пропаднат брак за Белуши. Тој претходно беше во брак со Сандра Давенпорт од 1980 до 1988 година, со која го има синот Роберт (38), а од 1990 година до 1992 година беше со Марџори Брансфилд.
Јавноста најмногу го памети Белуши по неговата улога во серијата „Светот на Џим“, но и по филмовите „Црвената топлина“, со Арнолд Шварценегер и „Џингл ол д веј“.