Пејачката Maртија Станојковиќ ја објави својата најнова песна „Не волиш“ откако претходно неколкупати ја најави преку социјалните мрежи.
Текстот е на Владимир Даниловиќ, а аранжманот е дело на Дарко Димитров.
Станојковиќ, покрај аудио, сними и видеозапис, за кој е задолжен Томислав Живковиќ. Тие заедно учествуваа во режијата на спотот. Покрај неа, во спотот се појавува и манекенот Андреј Пајмакоски.
Јавноста ја запозна Станојковиќ преку учеството на детскиот музички натпревар „Пинкови ѕвездички“, каде што го освои второто место. Покрај тоа, таа ја претставуваше Македонија на Детскиот избор за Евровизија во 2016 во Малта со песната Love will lead our way, каде што се пласира на 12. место.
Покрај евровизиската, таа сними уште три песни, и тоа: I don’t know your name, „Те Сакам“ и „За сите нас“.