Сабина, дама и пријател, секогаш ја имаше истата насмевка – колегите и пријателите се простија од актерката Ајрула-Тозија

Истакнатата македонска актерка Сабина Ајрула -Тозија почина вчера на 75-годишна возраст во Скопје, а голем број од нејзините роднини, пријатели и колеги се простија од неа.

Сабина зад себе остави неутешени колеги и актери, како и бројни јавни личности кои својата тага ја искажаа преку социјалните мрежи, простувајќи се од славната актерка.

Меѓу нив беа министерката за култура Ирена Стефоска, актерите Јелена Јованова, Амернис Нокшиќи – Јовановска, Игор Џамабазов, Весна Бејби Петрушевска, Ирена Ристиќ, Марин Бабиќ, Драган Спасов Дац, Васил Зафирчев, Емилија Мицевска и Фирдаус Неби, новинарот Огнен Јанески, пејачката Ребека, Владиниот портпарол Миле Бошњаковски и многу други.

За потсетување, во февруари оваа година Ајрула-Тозија беше оперирана од тумор на мозокот, откако претходно ѝ се слошило на снимањето на една од епизодите на турската серија „Мафијата не го контролира светот“.

Операцијата беше околу Нова година, во Скопје, а веста за „Репортер“ тогаш ни ја потврди министерот за здравство Венко Филипче и семејството на Ајрула.

„Сабина е добра, закрепнува од операцијата, а и добро ѝ оди за сега. Се движи сама и по малку шета“, ни изјави тогаш за Репортер.мк министерот за здравство Филиче.

 

Веста за смртта на актерката ја објави актерот Сашо Ристовски на својот Фејсбук профил. Тој сподели нивна фотографија со актерот Петар Арсовски.

„Не напушти нашата легендарна актерка, Сабина Ајрула Тозија. Тетка Сабина, легендо наша. Немам збор да прозборам. Патувај, патувај. Вечна ти слава кралице на сцената“, напиша тој под фотографијата.

Актерката Сабина Ајрула оперирана од тумор на мозокот откако ѝ се слошило на снимање

 

Scroll to Top