По 16 години фестивалот „Скопје саундс гуд“ се враќа на музичката сцена

По 16 години пауза од првото и единствено издание на фестивалот „Скопје саундс гуд“, Аволон повторно го враќа на музичката сцена со нови и актуелни наши и регионални бендови. Настанот ќе се одржи на 8 септември, на Денот на независноста на Македонија, на Стадионот на АРМ.

Публиката ќе има можност да ужива во музиката на Буч Кесиди, НиплПипл, Фанк Шуи и Свемирко.

Фестивалот „Скопје сауднс гуд 2021“ има за цел да го спои најдоброто од Македонија и регионот на независната регионална сцена со својот младешки, урбан и независен дух.

Влезниците се по цена од 700 денари и ќе бидат пуштени во продажба в четврток преку продажната мрежа на „Авалон“ низ земјава и онлајн. Фестивалот ќе биде реализиран според протколите кои ќе бидат актуелни за време на одржувањето на настанот.

Последен и единствен пат „Скопје саундс гуд“ се одржа на 31 мај 2005 година на Скопски саем.

 

Scroll to Top